5.8 C
Скопје
06:18 - 1 април, 2026

(Видео) Обожавателите му приредија величествен дочек на Никола Станишиќ во скопско Волково по неговата победа во Ѕвездите на Гранд

Никола Станишиќ, победникот на овогодинешната сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, вчера се врати во родната Македонија, каде што му беше приреден величествен дочек.

Една недела откако триумфираше во големото финале, Никола пристигна дома, каде што го пречекаа бројни фанови, пријатели, сограѓани и семејство, сите со иста цел да му честитаат и да ја споделат радоста за неговиот огромен успех.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLA STANIŠIĆ (@nikolastanisik)

Со песни, прегратки и солзи радосници присутните го скандираше неговото име, а младиот пејач не ги криеше своите емоции. Со насмевка на лицето, им се заблагодари на сите за поддршката, пееше заедно со собраните и се фотографираше со сите што сакаа спомен со победникот.

– Моето Волково – напиша победникот заедно со видеото што го сподели на своите социјални мрежи.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....