6.8 C
Скопје
20:29 - 20 февруари, 2026

(Видео) Новиот хорор филм со Деми Мур ги брка гледачите од киносала: „Ова е премногу“

Холивудската актерка Деми Мур се појави во долгоочекуваниот хорор филм „Супстанцијата“, но по првите трејлери од филмот кои ги шокираа корисниците на социјалните мрежи, сега се случува напуштање на киносалите зашто многумина сметаат дека „ова е премногу“.

Филмот ја раскажува приказната за легендарната суперѕвезда и оскаровка Елизабет Спаркл, водителка на популарната фитнес емисија.

Нејзиниот живот драматично се менува кога продуцентот ќе реши да најде помлада замена.

Можеби сè би завршило банално, но главниот лик дознава за „Супстанција“ – мистериозен лек за репликација на клетки што создава подобра верзија на личноста.

Благодарение на него се раѓа убавата Сју: млада, убава, посовршена. Сепак, не е се така едноставно, бидејќи последиците од оваа авантура ќе ги шокираат сите.

Филмот го означи филмскиот камбек за легендарната актерка Деми Мур (Дух, Непристоен предлог, Стриптиз) и стана нов пробив за Маргарет Квали.

Според „Дејли мејл“, најмалку 20 луѓе ја напуштиле премиерата на филмот во Лондон и го опишале филмот како „брутален“. Повеќето луѓе го гледале филмот „низ прсти“.

Сега има реакции и на социјалните мрежи, каде корисниците го опишаа филмот како „крвав и одвратен“, а некои се согласија дека филмот е одличен и дека Мур одлично ја одиграла својата улога. Поединци го опишаа филмот како „суров, гротескен приказ на ефектите од староста и стандардите за убавина наметнати на жените“.

Гледачка од САД го сподели своето искуство со гледањето на „Супстанцијата“.

„Требаше да ги видите лицата на двете жени кои ја напуштија салата по мене. Мислам дека мислеа дека ќе гледаат нов убав филм на Деми Мур“, напиша таа.

„Не сум сосема сигурна што изгледав. Почувствував слабост. За малку ќе го напуштев киното. Но, во исто време уживав. Ејџизмот е реален проблем. И покрај тоа што на моменти беше премногу сексуализиран, тој нагласува дека можеме да се обидеме да го сопреме тоа – невозможно е. Деми Мур е сила“, беше еден од коментарите.

Филмот „Супстанцијата“ премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал и доби позитивни критики од критичарите.

Слични објави

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.
Се вчитува....