6.8 C
Скопје
02:49 - 31 март, 2026

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

Пејачот Никола Роквиќ пред две недели пеш тргна кон Грција, во манастирот Нектариј Егински, со цел да собере средства за помош на детската онкологија.

Никола за време на Великиот пост го започна овој подвиг, а сега на вториот ден од Велигден на социјалните мрежи се огласи до своите следбеници дека се покајал што јадел мрсна храна, вели дека сега му е многу потешко да трча во однос на претходните денови.

„За мрсната храна, ух… Огромна разлика, не знам дали е шок за телото, но навистина е тешко. Утре се враќам на стандардот – леб, путер од кикирики, мед или снегулки. .. Ова со мрсна храна е навистина тешко“, задишано вели Роквиќ во видеото додека трча.

Но, додаде дека пристигнал на половина пат од Грција, а досега за неговата фондација „Фамилија“ се собрани повеќе од 15 милиони динари.

„Денес, фала му на Бога, стигнавме на половина пат“, напиша тој.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....