07:28 - 3 април, 2026

(Видео) На носилки од сцена: Карлос Сантана со „сериозен медицински проблем“, се онесвестил на концерт

Карлос Сантана се онесвести за време на концертот во Мичиген (САД).

Мексиканскиот гитарист свирел околу 40 минути во музичкиот клуб Pine Knob во Кларкстон, Мичиген, северозападно од Детроит, но одеднаш се онесвестил.

Музичарот добил лекарска помош директно во клубот. Дваесетина минути подоцна, уметникот бил однесен од сцената на носилки: момент кој, неизбежно, бил „овековечен“ од присутните и споделен на социјалните мрежи.

Сантана бил поздравен со аплауз додека ја напуштал сцената. Концертот е откажан поради „сериозен медицински проблем“ – како што известија организаторите.

Сантана (74) беше пионер во спојувањето на латино ритми со рок жанрот во истоимениот бенд, кој го основа во 1966 година, а оттогаш неговата фигура и неговата музика се здобија со бројни признанија. Тој е во Рокенрол Куќата на славните и на листата на 100 најголеми гитаристи во историјата составена од списанието Ролинг Стоунс.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....