14.8 C
Скопје
19:28 - 25 октомври, 2026

(Видео) „Ма, каков авокадо тост“: Дуа Липа си јадеше плескавица во Приштина

Британската поп-ѕвезда со албански корени, Дуа Липа, ги насмеа своите следбеници со видео снимено по ноќно излегување во Приштина, на кое во 4:30 часот наутро ужива во плескавица.

Пејачката беше во друштво на сестра си Рина, а додека јадеше, низ смеа порача:

„Ма, каков авокадо тост?“

Во видеото, Рина зема залак од плескавицата, по што двете го покажуваат часовникот на мобилниот телефон, кој покажува 4:30 часот.

„Време е за појадок“, вели Дуа, а потоа додава: „На балкански начин“.

Токму ова видео предизвика повеќе реакции на социјалните мрежи отколку снимките од настапите на светските ѕвезди што ги сподели од фестивалот. Во коментарите, многумина се пошегуваа дека Дуа, по ноќен излез, се однесува „како секој вистински Балканец“ – со плескавица пред да си замине дома.

Дуа Липа престојува во Приштина поради фестивалот „Сани Хил“, кој го организира заедно со својот татко преку хуманитарната фондација „Сани Хил“. Приходите од фестивалот се наменети за добротворни организации, културни проекти и иницијативи за поддршка на младите на Косово.

Слични објави

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.

На четири хороскопски знаци во ноември ќе им се исполнат долгоочекуваните желби — конечно доаѓа периодот што го чекаа

К.С.
Се вчитува....