13.8 C
Скопје
23:58 - 25 октомври, 2026

(Фото) Ана Ивановиќ блеска во бикини од Италија, по роденденот на Швајнштајгер: „Слаткото безделничење“

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи, откако објави серија фотографии од одмор во Италија.

Објавата дојде само еден ден по роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Под фотографиите Ана напиша: „La dolce far niente“ („Слаткото безделничење“).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


На фотографиите, направени на италијанското крајбрежје, таа ужива покрај базен со поглед кон морето, а позира во бикини, лесни летни наметки и елегантни фустани со висок шлиц.

Следбениците веднаш ја преплавија објавата со комплименти, пофалувајќи го нејзиниот изглед.

„Изгледаш неверојатно“, „Вистинска природна убавина, без никакви корекции“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Ана Ивановиќ минатата година на Мајорка поднесе барање за развод од Бастијан Швајнштајгер, по девет години брак. Според германските медиуми, судот одлучил фудбалерот да плаќа алиментација од 15.000 евра месечно за секое од нивните деца.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....