11.3 C
Скопје
02:33 - 26 октомври, 2026

(Фото) Ќе ве разнежни – синчето на Анастасија и Немања Гудељ доби посебен подарок

Фудбалскиот клуб „Севилја“ приреди убаво изненадување за синот на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ, испраќајќи му подарок со клупските обележја.

Во пакетот, наменет за најмладите навивачи, се најде персонализиран мини-дрес со името „Илијан“, како и шорцеви, боди, шал, лигавче, играчки и комплет за хранење – сè во препознатливите црвено-бели бои на шпанскиот клуб.

Анастасија не го криеше воодушевувањето од вниманието, па фотографија од подарокот објави на својот инстаграм-профил.

„Фала, моја Севилја“, напиша таа во описот на објавата, означувајќи го клубот.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ неодамна станаа родители на синот Илијан. Момчето се роди во приватна клиника во Севилја, а неговото доаѓање на свет донесе голема радост во семејствата Ражнатовиќ и Гудељ.

Иако Немања Гудељ летово ја напушти „Севилја“, за која настапуваше од 2019 година и со која ја освои Лигата на Европа, овој гест покажа дека шпанскиот клуб не го заборавил својот поранешен фудбалер и му посака среќа во новото животно поглавје – татковството.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....