10.8 C
Скопје
18:51 - 11 март, 2026

(Видео) Леонардо ди Каприо ставен на тапет: „Опериран е од чувства, цел живот ќе талка со тинејџерки зашто не знае да сака“

Поради веста дека Леонардо ди Каприо моментално излегува со некојa којa „практично би можелa да биде негова ќерка“, актерот се најде на удар на критики затоа што го привлекуваат помлади девојки.

Познатата водителка Мегин Кели се погрижи ѕвездата да биде свесна за тоа што мисли јавноста.

Леонардо има историја да излегува со млади манекенки, а се шпекулира дека моментално се гледа со моделот Еден Полани (19), која е 29 години помлада од него.

Тој никогаш нема да најде некого „во кого ќе може длабоко да се заљуби“, рече Мегин Кели во врска со романсата на актерот.

„Тој сега излегува со тинејџерка, буквално со тинејџерка. Секоја недела е тој е топ тема зашто постојано излегува со девојки кои се под 25-годишна возраст. И ако излезе со таква девојка, тоа е вест“, тврди контроверзната водителка.

„Еден буквално може да биде негова ќерка“, рече таа на нејзиниот подкаст „Сириус ХМ, Меган Кели шоу“.

Мегин продолжи да го критикува Леонардо, нарекувајќи ја неговата практика да излегува со помлади жени „тажна“, и додаде:

„Чувствувам дека овој човек поради брзината на нештата никогаш нема да ја дознае радоста да запознае некого во кого ќе може длабоко да се заљуби и да изгради семејство. Тој само ќе продолжи да излегува со тинејџерки до крајот на својот живот“.

 

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо
Се вчитува....