18.8 C
Скопје
03:03 - 11 септември, 2026

(Видео) Лејди Гага или Ријана, која изведба беше подобра на Оскарите: Фановите ги измерија овациите

Ријана и Лејди Гага беа номинирани за најдобра оригинална песна на 95-тото доделување на Оскарите што се случуваше вчеравечер. Веднаш по нивните настапи, фановите почнаа да ги споредуваат нивните изведби.

Лејди Гага ја изведе нумерата Hold My Hand од Топ Ган: Маверик на Том Круз, додека Ријана го изведе Lift Me Up од Black Panther: Wakanda Forever.

Се до последен момент, Лејди Гага не го потври присуството поради нејзините претходно закажани ангажмани, поточно беше ангажирана како дел од актерската екипа на Џокер: Folie à Deux. Сепак, во последен миг дојде до промени.

Глен Вајс претходно спомна дека „Ги поканивме сите петмина номинирани. Имаме одличен однос со Лејди Гага и нејзината екипа. Таа во моментов е среде снимање на филм“.

За време на настапот на Лејди Гага на Оскарите, таа спомна дека песната ја изработила во своето студио во подрумот, а за настапот носеше искинати фармерки, патики и маица. Изведбата ѝ беше одлична.

Но и настапот на Ријана наиде на овации

Ријана се упати кон тепихот во нијанса на шампањ, облечена во целосно црна модна комбинација, покажувајќи го своето прекрасно трудничко испакнато стомаче, пред нејзиниот настап.

Потоа дојде време Ријана да ја отпее хит песната ‘Lift Me Up’ која беше посветена на сите кои учествуваа во филмот како и на починатиот глумец и продуцент Чедвик Босеман.

По настапот на Ријана, таа доби овации од целиот театар вклучувајќи го и таткото на нивното прво дете A$AP Rocky.

Фановите на социјалните мрежи речиси се натпреваруваат која изведба била подобра, на Ријана или пак, на Гага.

Но сигурно е дека и двете изведби беа навистина добри, но овациите го дадоа одговорот на прашањето кој се претставил подобро. Според овациите – како што пишуваат фановите – за малку води претставувањето на Гага.

На крајот, Оскарот им беше доделен на М.М. Кееравани и Чандрабоуз за песната Натуу Натуу во индискиот филм RRR.

 

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....