11:17 - 14 ноември, 2026

(Фото) Ријана ги засени сите на Оскарите, со црн тесен кожен фустан: Трудничкиот стомак во мрежаста„обвивка“

Пејачката Ријана (35) го привлече вниманието на Оскарите појавувајќи се во долг црн фустан со проѕирна ткаенина под кој јасно се гледаше трудничкиот стомак.

Ријана се појави во Долби театарот во Лос Анџелес во елегантен црн фустан слиен со кожено здолниште до подот и проѕирна мрежеста ткаенина токму на пределот на стомакот.

Фустанот до подот имаше и кожни ремени, мрежесто деколте и мрежести ракави.

За компелтирање на изгледот носеше два дијамантски прстени со големи кафени камења и обетки со дијаманти и смарагд.

За време на телевизискиот пренос, таа ја изведе „Lift Me Up“ од филмот на Марвел Black Panther: „Wakanda Forever“. Песната беше номинирана за најдобра оригинална песна на овогодинешното доделување на Оскарите, што е прва номинација на Ријана за престижната награда.

Ова е втор голем настап на Ријана за кратко време. Таа неодамна настапи на Супер Боул, за што доби одлични критики. „Жена за најтешките задачи“, пишуваат американските медиуми.

Пејачката од Барбадос цело време насмеана позираше на фотографите кои речиси сосема ги занемарија другите ѕвези кога таа се појави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by COMPLEX (@complex)

Слични објави

Јована Јеремиќ ја покажа дипломата од факултетот, тврди дека зборува пет јазици: „Сакам да ги нервирам квази интелектуалците“

Еспресо

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо
Се вчитува....