7.8 C
Скопје
01:42 - 31 март, 2026

(Видео) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го открија полот на нивното бебе

Најстарата од сестрите Кардашијан, 44-годишната Кортни и нејзиниот сопруг, тапанарот на Blink-182, Тревис Баркер, на социјалните мрежи го открија полот на нивното неродено дете.

На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како Кортни Кардашијан седи во скутот на нејзиниот сопруг, кој пак, е седнат пред комплетот тапани. Откако ја праша сопругата и потенцијалната публика дали се подготвени, Тревис Баркер удира на тапанот, парот се бакнува, по што сини конфети летаат на небото.

На овој начин брачните другари ги информираа своите следбеници за полот на нивното следно дете – сини конфети, односно машко дете.

Ова ќе биде четврто дете за Кортни Кардашијан – таа веќе има два сина и една ќерка со поранешниот партнер Скот Дисик. Тревис Баркер, исто така, има две деца со неговата поранешна сопруга, Мисица на САД 1995 година, Шана Моклер.

Инаку, Кортни Кардашијан јавно му ја соопшти бременоста на Тревис Баркер со кревање транспарент на неговиот концерт во Лос Анџелес на 17 јуни. „Тревис, бремена сум!“.

инстаграм

Подоцна, ѕвездата објави и фотографија на која позира со заоблен стомак во костим за капење.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....