5.8 C
Скопје
03:08 - 1 април, 2026

(Видео) Колкаво срце имал Андреј од „ДНК“, раскажа неговата сопруга Наталија

Колкаво срце имал Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“ раскажа неговата сопруга Наталија, на денот кога измина девет месеци од неговата смрт.

Наталија сподели видео од Андреј во кое се покажува колку хуман човек бил тој. И Андреј, и неговиот колега Панчо кој почина на 14 октомври, секогаш им помагаа на сиромашните и болните, но им помагаа и на животните.

На видеото што го сподели Наталија Ѓорѓиеска е снимено од ЈП „Лајка“, а Андреј во него апелира да се вдоми куче кое, како што вели пејачот во видеото, е оставено од неговите сопственици, и би било пожелно некој да го вдоми.

– Макс е многу питом, ама е темпераментен и живчан како мене. Како викаат, кучето е најдобар пријател на човекот, така што, некој со двор и со убава куќа мислам дека ќе си го види алот ако го вдоми ова убаво куче и куќата ќе му биде безбедна – вели Андреј во ова видео кое е објавено во јули во 2024.

Фото / Инстаграм

Пејачот загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Негова најголема љубов, покрај сопругата беше ќерката Јана која има 11 години.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....