09:06 - 11 ноември, 2026

(Видео) Кога вандали ќе го посетат Рим се случува ова – турист на ѕидот на Колосеумот го врежа своето и името на вереницата

Маж го издлабил своето и името на неговата свршеница на Колосеумот во Рим, а медиумите од регионот пишуваат дека му се закануваат пет години затвор.

Италијанскиот министер за култура повика мажот да биде идентификуван и казнет откако беше снимен како ги врежа своето и името на неговата свршеница во Колосеумот во Рим.

Министерот Џенаро Санџулијано на твитер напиша:

„Сметам дека е многу сериозно, недостојно и знак на голема нецивилизираност, еден турист да сквернави едно од најпознатите места во светот, историско наследство како Колосеумот, да го издлаби името на неговата вереница. Се надевам дека тој што го извршил овој чин ќе биде идентификуван и казнет според нашите закони“, додаде тој.

Твитот на министерот вклучуваше заматена слика на младиот турист, како и видео на кое се гледа како тој користи клучеви за да издлаби букви на еден од ѕидовите на амфитеатарот стар речиси 2.000 години.

Тој напиша „Иван + Хаили 23“, пренесува италијанската новинска агенција „АНСА“.

Наводниот инцидент се случил во петокот, а полицијата била алармирана кога снимката се појавила на социјалните мрежи, пренесе „АНСА“. Доколку биде прогласен за виновен за делото, човекот може да се соочи со парична казна од најмалку 15.000 евра или дури пет години затвор, според новинската агенција.

Сличен инцидент се случи и во 2020 година, кога ирски турист беше обвинет за вандализирање на Колосеумот, откако обезбедувањето го забележа како наводно ги резба своите иницијали во античката градба и го пријави во полиција.

Слични објави

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova
Се вчитува....