18:37 - 4 април, 2026

(Видео) Карлеуша го освои Париз, рамо до рамо со најплатените модели: ЈК во друштво на Џорџина Родригез

Јелена Карлеуша уште еднаш докажа дека ѝ нема рамен кога се во прашање модниот вкус и стил.

Јелена долго време ја препознаваат светските ѕвезди и брендови, а уште еднаш покажа колку е почитувана во градот на модата.

Карлеуша беше поканета како специјална гостинка на Модната недела во Париз, каде прошета по пистата рамо до рамо со најплатените модели.


Во првите редови беа најголемите светски ѕвезди од светот на модата и шоу-бизнисот, пренесуваат српските медиуми.

Покрај Јелена Карлеуша, на пистата прошетаа и Џорџина Родригез, сопругата на познатиот фудбалер Роналдо, актерката Марсија Крос и светски познатите топ модели како Наталија Водјанова, Вини Харлоу, Валентина Ферера и многу други.

Модниот израз на ЈК одамна е познат и надвор од границите на Балканот, што го потврдува и оваа соработка.

Јелена одлично се снајде на споменатата ревија, носеше сив топ додека сите останати полудеа кога видоа што има на нејзините нозе.

Јелена носеше црвена тренерка со бели странични ленти, а сепак, изгледаа погламурозно од кој било свечен фустан.

Она што сепак привлече внимание е секако заедничката фотографија на Јелена и Вини Харлоу, која е една од најбараните светски супермодели.

 

 

Слични објави

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо
Се вчитува....