17:47 - 2 април, 2026

(Видео) Канје Вест и Бјанка Цензори се појавија во јавност по веста за развод: Заедно се пресреќни

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Цензори беа забележани во Токио по големата вест за нивниот претстоен развод кој наводно го поднел раперот, пренесува Дејли меил.

Парот заедно влегоа во трговски центар во Токио и изгледаа многу среќни. Бјанка ги држеше рацете на лицето на Канје и широко се насмевна додека парот одеше по ескалаторот, а потоа го фати за рака.

Девојката беше невообичаено облечена – таа во тесен бел топ без градник, хеланки и чизми до колена со пердуви.

Канје пак, беше во бела лежерна модна комбинација, со бели панталони и дуксер.

Ден претходно, таблоидот ТМЗ објави дека парот не живее заедно неколку недели, а Канје им кажал на пријателите дека е подготвен за развод. Луѓето околу него велат дека тој се уште ја сака поранешната сопруга Ким Кардашијан. Покрај тоа, музичарот ги изрази своите планови да се пресели во Токио.

Канје и Бјанка се венчаа во декември 2022 година. Отпрвин, многумина веруваа дека нивниот брак е незаконски затоа што не покажаа извод од брак. Сепак, во средината на октомври 2023 година, се дозна дека тие навистина биле легално во брак.

Канје има четири деца со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан: ќерките Норт (11) и Чикаго (6) и синовите Сент (8) и Псалм (5).

 

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо
Се вчитува....