08:54 - 5 декември, 2025

(Видео) Каде ѝ беше паметот? Меган Маркл критикувана, се снимала во близина на местото каде загина принцезата Дијана

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл се најде на мета на критики откако сподели фотографија на Инстаграм на која е во лимузина во Париз, со нозете кренати во воздух, недалеку од тунелот каде што трагично загина принцезата Дајана. Нејзиниот потег многумина го оценија како „невкусен“ и „нечувствителен“, пишува „Дејли мејл“.

Меган предизвика контроверзии за време на нејзината посета на Париз за Неделата на модата, а критичарите ја обвинија дека е „невнимателна“. Видеото, снимено од нејзина перспектива, ги покажува нејзините нозе кренати и скрстени додека автомобилот поминува покрај познати мостови како што се Мостот Александар III и Мостот на инвалидите.

Она што предизвика негодување беше фактот дека следниот мост на рутата е Понт д’Алма, до кој се наоѓа тунелот во кој Дијана, нејзиниот партнер Доди Фајед и возачот Анри Пол загинаа во август 1997 година. Трагедијата, како што е познато, остави длабок белег врз принцот Хари.

Контроверзниот момент се случи откако 44-годишната Меган изненадно се појави на Модната недела во Париз, нејзина прва посета на Европа од Игрите „Инвиктус“ во Дизелдорф во 2023 година. Таа ја сподели фотографијата со своите 4,2 милиони следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)


Корисниците на социјалните мрежи брзо го изразија својот шок од поврзаноста со смртта на Дајана. Кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс ја нарече објавата „крајно збунувачка“, „апсурдна“ и „неверојатно невкусна“.

„Не разбирам што, по ѓаволите, мислеше – па, не можеше да мисли. Ниеден советник никогаш не би советувал да се направи нешто толку чудно“, изјави Фицвилијамс за „Дејли мејл“.

Тој додаде дека Меган има целосно право да присуствува на модни настани, но дека „споделувањето видео што има каква било врска со трагичната смрт на принцезата од Велс е спротивно на логиката“.

„Сигурен сум дека не сакала да навреди никого, но тоа е неверојатно одвратно. Тоа е целосно отсуство на размислување“, продолжи тој. „Таа сигурно не сакала да остави впечаток дека нема почит, но тоа е уште еден пример за тоа како тие од Сасекс прават нешто што воопшто нема смисла.“

Фицвилијамс, исто така, сугерираше дека принцот Хари можеби е згрозен од потегот на неговата сопруга. „Смртта на Дијана е трагедија што го одбележа голем дел од животот на Хари и не можам да замислам дека ова би било соодветно за него. Иако тој отсекогаш јавно ја поддржувал, претпоставувам дека ќе биде апсолутно ужаснат и можеби ќе чуе многу од неа за тоа“, заклучи тој.

Корисниците на платформа Икс, исто така беа критични. „Без оглед на конкретната локација, снимањето себеси како возите низ Париз ноќе ја испраќа токму пораката што има намера да ја испрати“, пишуваше во еден коментар. Други додадоа дека снимката „не е многу корисна“ за Хари и дека „ова не може да биде измислено“. Еден корисник напиша: „Ве молам кажете ми дека ова не е вистинско…? Таа навистина не го направи тоа… нели…?“

Меган присуствуваше на модната ревија на „Баленсијага“, каде што се дружеше со главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, актерката Ен Хатавеј и режисерот Баз Лурман. Нејзиниот портпарол изјави за „Пипл“ дека таа дошла на ревијата за да го поддржи дизајнерот Пјер Паоло Пичоли, кој неодамна стана креативен директор на брендот и е нејзин долгогодишен пријател.

За таа пригода, таа носеше уникатна креација од Баленсијага, а изгледот го комплетираше со црна чанта и штикли од истиот бренд, во вредност од 745 фунти.

Слични објави

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо

„Немам дeнар, не сум работела шест месеци“: Пејачката Мина Костиќ се „дави“ во проблеми

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прослави роденденот на својот син: Балони и маскоти насекаде во домот, а таа му пееше

Еспресо
Се вчитува....