11.8 C
Скопје
11:12 - 28 март, 2026

(Видео) Јана Бурческа има хит – по „Dance alone“ дојде„Home alone“

Јана Бурческа, која пред шест години ја претставуваше Македонија на изборот за песна на „Евровизија“ во Киев, Украина, со „Dance Alone“, сними нова песна со сличен наслов „Home alone“.

Станува збор за електронска песна во модерен ритам која потсетува на стилот на англискиот бенд „Портисхед“.

Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, а звукот на „Home alone“ е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.

Песната доби и видеоспот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа збир на млади ентузијасти и креативци: како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.

Слични објави

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.
Се вчитува....