02:34 - 23 јануари, 2026

(Видео) „Исплива“ емотивна снимка од Нова година: Александра Пријовиќ пееше на сцена, а сопругот Филип нежно си ја прегрна

Емотивен момент од новогодишната ноќ со Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ги преплави социјалните мрежи и предизвика лавина реакции. Станува збор за кратко видео снимено за време на нејзиниот настап, на кое јасно се гледа нивната блискост и силната емоција што ја споделуваат.

Александра, која пред Нова година се врати на јавната сцена по едногодишна пауза, новата 2026 година ја дочека со публиката во Белград, во Сава центарот. Претходно настапи во Бар, каде што беше пречекана со силни овации, а на самиот 31 декември имаше и дневен концерт во Загреб.

За време на новогодишниот настап во Белград, додека ја изведуваше песната „Сто чу чуда учинити“ од Драгана Мирковиќ, Пријовиќ во еден момент се симна од бината, му пријде на сопругот, клекна покрај него, а тој ја прегрна силно и без двоумење. Публиката го поздрави гестот со аплауз, а снимката за кусо време стана вирална.

Коментарите на социјалните мрежи не изостанаа – „Прекрасна сцена“, „Ова е вистинска љубов“, „Колку се заљубени“, „Дај Боже секој да го доживее ова“, беа само дел од реакциите што се појавија под видеото.

@nastupi_poznatih00 Aleksandra Prijovic i Filip Zivojinovic Doček Nove godine u Sava Centru , Sretna Nova godina #aleksandraprijovic #savacentar #koncert #viral #fyp ♬ original sound – nastupi_poznatih


Потсетуваме дека Пријовиќ во септември го роди нивното второ дете, ќерката Арија, по што накратко се повлече од сцената и се посвети на семејството. Иако брзо се врати на професионалните обврски, пејачката јасно истакнува дека приоритетите ѝ се променети.

„Научив дека семејството е најважното нешто на светот. Оваа година навистина уживав со децата, сопругот, родителите и бабите и дедовците и сакам така да продолжи и понатаму. Здравјето е најбитно – тоа човек најдобро го сфаќа кога ќе застане и ќе има време за себе“, има изјавено Пријовиќ.

Слични објави

(Фото) Погледнете ја секси сопругата на Горан Иванишевиќ, во бикини на минус температури!

Еспресо

Познати местото и времето на погребот на Сенка Велетанлиќ

E.A.

Слоба Васиќ ослабе 50 килограми: Најновата фотка ги изненади фановите

E.A.

(Видео) Ѕирнете во собата на Колинда Грабар-Китаровиќ на Антарктикот: Оваа авантури чини 17.000 евра!

Еспресо

Мина Костиќ за трагичната смрт на сестра ѝ: „Кога ја видов модра, посакав да си го одземам животот“

Еспресо

Драмата во семејството Карлеуша–Тошиќ продолжува: Се огласи адвокатот на Душко, парите од алиментациите се исплатени 

E.A.
Се вчитува....