7.8 C
Скопје
22:29 - 1 април, 2026

(Видео) И буквално љубов на турнејата Love On Tour на Хари Стајлс: Страсен бакнеж со Емили Ратајковски

Манекенката Емили Ратајковски и пејачот Хари Стајлс беа мета на објективите на папараците во Токио. Видеото на кое особено се гледа моментот на нивниот бакнеж, го објави Дејли Мејл.

На видеото можете да видите како 31-годишната манекенка и 29-годишниот пејач прво танцуваат, криејќи се од дождот под чадор, потоа разговараат, по што разменуваат страстен бакнеж.


Емили Ратајковски беше облечена во тесно црно миди здолниште, кроп топ и надуена розова јакна, нејзиниот придружник пак, беше во црни панталони, црна јакна и бела широка кошула.

Претходно ниту Емили Ратајковски, која се разведе од сопругот минатиот септември, ниту Хари Стајлс, кој раскина со Оливија Вајлд во ноември 2022 година, не ја објавија својата врска. Сепак, на крајот на февруари, извор изјави за Мирор дека пејачот „се забавува со некого“.

Хари Стајлс моментално е во Токио како дел од турнејата Love On Tour.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....