13:23 - 3 април, 2026

(Видео) Хари и Меган: еве го првиот експлозивен тизер од документарецот, изобилство од драматични моменти!

Еве ги првите снимки од многу очекуваната документарна серија за Хари и Меган, која ќе дебитира на Нетфликс на 8 декември. „Никој не знае што се случува зад затворени врати“, велат војводте од Сасекс.

Војводите од Сасекс ги објавија првите слики од нивната документарна серија „Хари и Меган“, која ќе се емитува од 8 декември на Нетфликс. На гледачите им ветува интимен поглед на „што се случува зад затворени врати“. Тизерот, кој трае една минута, нуди необјавени фотографии од приватниот албум на парот, како и делови  од дадените интервјуа.

Има драматични моменти како оној во кој принцот Хари вели: „Морав да направам се што е можно за да го заштитам моето семејство“. Во друг момент, Меган седи до Хари со рацете над лицето. Меѓу најсреќните фотографии се оние на Меган бремена, безгрижните денови со семејството и радосната снимка од венчавката која сигурно ќе ги израдува обожавателите на парот.

Серијата, резултат на договорот меѓу Хари и Меган и платформата за стриминг, ќе се емитува на 8 декември, само неколку дена откако принцот и принцезата од Велс ќе се вратат од нивната тридневна посета на Бостон.

 

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....