5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

(Видео) Голем грабеж среде бел ден на луксузната златарница на „Bulgari“ во Париз

Вооружен грабеж е изведен во саботата во луксузна златарница на „Bulgari“, на познатиот Плоштад Вендом во центарот на француската престолнина Париз, а штетата се процени на повеќе милиони евра, пренесува AFP од полициски и извори на државното обвинителство.

Според првичните информации, тројца ограбувачи на два мотоцикли се појавиле пред златарницата околу 13,45 часот по локално време, рекол полициски извор. Двајца носеле оружје со долги цевки, додал, наведувајќи дека бил удрен припадник на обезбедувањето.

Штетата сѐ уште се утврдува, а се проценува на „повеќе милиони евра“, рекол за AFP соговорник запознаен со истрагата и потврдил дека крадците се во бегство.

На снимките кои биле објавени на социјалните мрежи, а би можеле да се однесуваат на грабежот, се гледаат два големи црни мотоцикли паркирани пред златарницата. Маж во црни, со кацига на главата и вооружен чува стража пред дуќанот. Потоа сите тројца бегаат со мотоциклите, според снимките.

Оваа златарница на „Bulgari“, беше цел на вооружен грабеж и во септември 2021 година и тогаш штетата беше проценета на 10 милиони евра.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....