1.8 C
Скопје
04:00 - 23 февруари, 2025

ВИДЕО+ФОТО | Отворени 160 древни саргофази: Гробниците носат проклетство доколку некој посегне по нив!

EPA

Пред неколку илјади години, Египќаните ги погребувале своите мртви во дрвениот град на мртвите – Сакари. Со цел да ги заштитат гробовите на нивните најблиски од кражби, тие пишувале клетви или таканаечени проклетства на sидовите на гробниците. Археолозите неодамна открија некои вакви „заштитени“ саргофази.

Големите антички гробишта на Сакари се наоѓаат на околу 30 км јужно од современиот Каиро. Во неа е сместена најстарата зачувана пирамида во светот, која е запишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1979 година.

Античките свештеници ги ставале мртвите во дрвени ковчези украсени со хиероглифи. Саргофази потоа биле запечатени и оставени во гробници што биле над или под нивото на песокот.

EPA
EPA

Археолозите откриле 160 саргофази со мумии во текот на последните три месеци, кои планираат да ги изложат во музеите ширум Египет во блиска иднина. Тие исто така отворија неколку за да ја разгледаат нивната содржина.

EPA
EPA

Што велат клетвите во гробниците?

Експертите велат дека на некои гробни sидови во Сакара биле напишани пцости со предупредувања за натрапниците кои ќе се обидат да крадат од мртвите.

Египтологот Салима Икрам од Американскиот универзитет во Каиро анализирал некои мумии на животни пронајдени во Сакара минатата година. Икрам објаснува дека предупредувањата во гробниците служеле за да ги спречат натрапниците да крадат.

EPA
EPA

„Овие предупредувања генерално наведуваат дека ако нечиста личност влезе во гробот, тогаш боговите имаат право да го казнат сторителот и да му го „сврти вратот“ како на гуска“, рече Икрам.

Проклетството што го цитираше е пронајдено во гробот на везирот Анхмахор, слуга на фараонот, кој живеел пред повеќе од 4.000 години за време на 6-та египетска династија.

Анкмахор е закопан во мастаба: надземна гробница во форма на правоаголна кутија. Слични мастаби биле изградени низ целиот Египет и во близина на пирамидите во Гиза, така што тие биле стандарден вид гробница во пред-династичкиот и раниот династички период Мастаба потекнува од арапскиот збор – клупа, бидејќи оддалеку изгледа како клупа од тули.

EPA
EPA

Грубо да се преведе проклетството од гробот на Анкамахор, би значело: „тоа што го направиш на мојата гробница, ќе биде со исто вратено “.

Ако некој бил фатен како краде од гроб на висок службеник, веројатно ќе бил претепан или ќе му бил отсечен носот.

Од друга страна, во гробот на Анкамахор има и пораки за оние со чиста намера. Тие наведуваат дека везирот ќе ги заштити на дворот на Озирис, господарот на египетското подземје. Античките Египќани верувале дека Озирис им судел на мртвите души пред да заминат во задгробниот живот.

EPA
EPA

Археолог кој починал со чудна смрт

Записите пронајдени во гробници како Анхмахор донекаде потсетуваат на клетвите од хорор филмовите во кои археолозите кои отвораат запечатена гробница или саргофаг завршуваат мртви.

Од таа причина, некои локални жители не сакаа да присуствуваа на отворањето на саргофазите што беа затворени повеќе од два милениуми.

Икрамова исто така верува дека постои ризик при ракување со мумии, иако таа мисли само на ризок микроби или габи, не клетва.

EPA
EPA

„Ако луѓето носат ракавици и маски, сè треба да биде безбедно“, рече таа.

Верувањето дека во гробниците може да има опасни патогени микроорганизми, делумно произлегува од приказната за славниот археолог Хауард Картер, кој го ископа гробот на кралот Тутанкамон во 1922 година. Имено, членот на неговата експедиција, Џорџ Херберт, почина необично, ненадејна смрт, само шест недели откако ја отворија кралската погребна комора.

Сепак, понатамошните истражувања покажаа дека Херберт починал од труење на крвта откако го каснал заразен комарец.

Ако некои сè уште се сомневаат дека Херберт починал од природна смрт, треба да се напомене дека немало проклетство на sидовите на гробот на Тутанкамон и дека Картер починал 20 години по неговото големо откритие.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....