7.8 C
Скопје
10:23 - 1 април, 2026

(Видео) Фановите се мајтапат со синот на Бекам како готвач: „Откажи се од готвењето, те молам!“

Најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин, кој неодамна се ожени со актерката Никол Пелц, сака да се проба во готвењето, па често споделува рецепти со обожавателите, но овој пат не се прослави кога направи пица со конзервирана домати.

Во последниот клип Бекам прави пица и покажа како го меси тестото и го подготвува сосот од домати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Луѓето беа зачудени од овој обид бидејќи го оценија јадењето како многу лошо, а малкумина оставија позитивен коментар.

„Користиш конзервирани домати и свеж лук за база? Откажи се од готвење, те молам“, „Ова е страшно, никогаш не напуштај ја другата работа, нема да станеш готвач“, „Смешно, среќа што е богат“, се само дел од коментарите.

Ако ништо друго, Бруклин Бекам доби поддршка барем од сопругата Никол Пелц, која му напиша дека се гордее со него.

Последниве денови се крена голема прашина, бидејќи медиумите дознаа дека новопечената госпоѓа Бекам не е во добри односи со нејзината свекрва Викторија . Никол Пелц деновиве многумина потсетува на Викторија од нејзините помлади денови, бидејќи таа го промени имиџот и ја обои косата кафеава, па многумина веруваат дека таа сака да биде нејзина копија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....