11:50 - 12 април, 2026

(Видео) Елена Велевска: Јас сум најодговорната мајка, децата ми се разбрани

Елена Велевска се отвори за релацијата со нејзините деца, Софија, Марко и Калија кои ги има од бракот со Марјан со кој се разведе во 2019.  ​

„Иако можеби медиумски не изгледа така, јас сум најодговорната мајка којашто може да ја посака едно дете. Софија, Марко и Калиа се мојата најголема слабост и за нив невозможното го правам возможно. Бидејќи каде и да сум, она што го имав како разбирање од моите родители сега го имам од моите деца и гледам дека полесно ми оди со нив, дека кога ќе им кажам ‘мама треба да е ваму сега на турнеја’, не прават за ништо проблем и тоа го разбираат како дел од ова што го работам“, рече фолк-пејачката за „Гламур“ ТВ.

„Сите нивни луксузи и задоволства се од ова што јас сум го постигнала до ден-денес и не би сакала да имаат таков трнлив и макотрпен пат, бидејќи јас само знам колку е тешко да го поминеш сето ова иако навидум е прелесно за судење. Секој ќе каже ‘таа е пејачка, една песна две и тоа ништо не значи, ќе испее многу ѝ е лесно’, но не е така. За да дојдеш до сето тоа, постојат подготовки, постојат снимања на песни, спотови. Не сум човек кој бара спонозорства. Сите тие хонорари што сум ги земала, сум ги инвестирала во својот бизнис повторно, за да бидам она што денеска сум“, додаде Велевска.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.
Се вчитува....