На првиот од петте закажани концерти во сараевската Зетра сала, пејачот Здравко Чолиќ ѝ приредил на публиката, како и на својата помлада колешка, ноќ за паметење. Имено, српската пејачка Милица Павловиќ од првиот ред го гледала неговиот настап, а во еден момент доживеала изненадување кое сигурно ќе го памети засекогаш.
За време на концертот, Чолиќ се симнал од сцената во публиката, отишол директно кај Милица и ѝ ја бакнал раката. Овој џентлменски потег предизвикал невидено воодушевување, а самата Милица не можела да поверува што доживеала, па веднаш се фатила за глава.
View this post on Instagram
Видливо почестена од овој прекрасен гест, Милица со насмевка коментирала: „Е, сега можам да умрам!“, по што продолжила да ужива во хитовите на легендарниот Чолиќ.
