7.8 C
Скопје
20:08 - 1 април, 2026

(Видео) ДНК и Наум Петрески донесоа уште еден македонски евергрин, ќе ги слушаме и на големиот карван низ Македонија

Проектот „Македонијо во срце те носиме“ на публиката ѝ подари уште една преубава македонска песна во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески.

Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот од 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града.

„На наше големо задоволство, „Послушајте Патриоти” за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот македонски машки фолк вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а идејата и поканата дојде од страна на проектот „Македонијо во срце те носиме” на кои Панчо и Андреј не можеа да останат рамнодушни – поготово кога станува збор за Македонија и нешто кое треба да остане во наследство со генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуелизираме оваа песна, што не значи дека тоа нема да се случи во многу блиска иднина. Се надеваме дека ќе ви се допадне и дека нема да ве разочараме, а ние со вас ќе се дружиме и заеднички ќе ја пееме песната преку караванот со сите останати колеги“, порача ДНК на социјалните мрежи.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....