16:53 - 6 април, 2026

(Видео) Џенифер Анистон го покажа затегнатото тело: „Не мора да се убиеме од вежбање за фит форма“

54-годишната американска актерка Џенифер Анистон го сподели својот сет на вежби како дел од новата кампања на Pvolve.

Ѕвездата на „Пријатели“ ја покажа својата затегната фигура во црн спортски градник и хеланки. Во видеото, таа изведува низа атлетски вежби користејќи спортска облека и опрема Pvolve.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pvolve (@pvolve)

Во 2021 година, Џенифер имаше повреда на грбот. После тоа, таа го смени пристапот кон спортот, особено почна да вежба според методот Пволве. Оваа програма комбинира функционална кондиција со мал напор и со уникатна опрема а служи за обновување, зајакнување и енергија на телото.

Анистон и директно соработува со оваа спортска марка.

„Само сакам повеќе луѓе да знаат за ова бидејќи мислам дека е многу добро“, изјави актерката претходно за магазинот People. „Особено кога влегуваме во нашите убави повозрасни периоди, мораме да го одржуваме телото и да се грижиме за него“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pvolve (@pvolve)

Таа објасни дека претходно мислела дека резултатот од тренинзите може да биде само ако се „убие од вежбање“. Сепак, во новата кампања на Pvolve, Анистон нагласува дека „не мора да го искршиме телото“, а интензивниот тренинг не секогаш води до резултати.

„Кога тренираме, внимателно го планирам секој тренинг и се фокусирам на едноставни, но ефективни движења кои се насочени кон секоја мускулна група“, рече холивудската актерка.

 

 

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....