23:04 - 4 април, 2026

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

Легендарната холивудска актерка Деми Мур (61) продолжува да воодушевува со својот добар изглед, а многумина се убедени дека нашла начин да престане да старее бидејќи не веруваат дека изгледа толку добро на 61 година!

Нејзините снимки од мексиканскиот семеен одмор само направија повеќе љубоморни луѓе, бидејќи 61-годишната ѕвезда уште еднаш воодушеви со затегнатите стомачни мускули и витата линија. Таа среќно трчаше по плажата со ќерките Румер (35), Скаут (32) и Талула (30), како и со семејните пријатели Патрик Хилгарт и Ерик Бутербо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Забавното видео кое Деми го објави на Инстаграм заедно со Скаут, Талула и нивните двајца пријатели, ги прикажува нивните заеднички среќни моменти поминати во нивната луксузна вила која излегува на песочна плажа.

Клипот, кој е придружен со „Burning Love“ на Елвис Присли, започна со облечена група луѓе кои изгледаа како да се подготвени за забава. Деми прва јурна кон камерата облечена во бела летна модна комбинација која веќе на песокот беше заменета со минијатурни бикини со леопард дезен.

Кога застана на жешкиот песок, Деми се сврте кон своето семејство и му даде знак на остатокот од тимот да ѝ се придружи.

„Семејна забава на сонце!“ напиша таа со објавата на видеото.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....