08:42 - 6 април, 2026

(Видео) Дарко Лазиќ и неговата сопруга доживеале тешка сообраќајна несреќа: Ова се деталите

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина се пуштени на домашно лекување по страшната несреќа што се случи во близина на Арената.

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ се повредени во тешка сообраќајна несреќа вчеравечер околу еден часот по полноќ, а неговата крв и урина се земени на анализа по наредба на обвинителот на Третото основно обвинителство во Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Познатиот пејач „се забил“ во автобусот „Икарбус“, во кој за среќа немало патници, туку само возачот Р.М. (65).

Неофицијално, Лазиќ бил зад воланот на автомобил „Мерцедес“ во сопственост на лизинг компанија. Неговата сопруга Катарина била на совозачкото седиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

– Дарко Лазиќ се движел од правец на Газела кон Шид и биле на средниата сообраќајна лента. Во еден момент, Лазиќ преминал на десната лента во правец на Младинската бригада и во таа прилика удрил во задниот дел од автобусот со предниот лев дел од возилото. Зад воланот на автобусот „Икарбус“ бил Р.М. (65), кој за среќа не бил повреден и кој исто така се движел во десната лента. Поради силината на ударот, „Мерцедесот“ во кој патувале Лазиќ и неговата сопруга се одбил и удрил во насипот. Лазиќ бил извлечен од пожарникари. Тие биле свесни цело време – вели извор, пренесуваат српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

По повод оваа несреќа, бил известен обвинителот на Третиот ОЈТ, кој наложил возилото да се пријави, а од возачот да се земе крв за анализа.

На Лазиќ на ВМА му биле констатирани полесни телесни повреди, додека Катарина била пренесена во КБЦ „Земун“.

И „мерцедесот“ и автобусот биле транспортирани на сообраќајно-технички преглед.

Истрагата во овој случај ја води Третата ОЈТ во Белград.

Според првичните информации, за несреќата е виновен Дарко Лазиќ. Неофицијално, тој го удрил автобусот одзади бидејќи не можел да закочи.

Слични објави

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....