9.8 C
Скопје
12:05 - 20 февруари, 2026

(Видео) Членката на АББА, Агнета Фалцког ја објави својата прва соло песна: „Се надевам дека ќе уживате исто како и јас“

Членката на легендарниот шведски бенд АББА Агнета Фалцког претстави соло песна наречена Where Do We Go From Here, која е прва во последните 10 години. Таа го имаше своето деби на радио Би-Би-Си, каде што уметницата беше интервјуирана од водителката Зои Бол. Подоцна, официјалното аудио се појави на каналот на Јутјуб на ѕвездата.

Песната, според мислењето на критичарите, е многу мелодична, а ги допре фановите до срж. Тие веднаш побрзаа да остават коментари под видеото.

„Агнета е совршен ангел со прекрасен глас и ја сакам”, „Ја сакам новата песна на Агнета! И какво неверојатно интервју. Солзи во очите во 3.45 часот! Ви благодариме Агнета и Зои Бол!”, “Убаво е да се слушне нова музика од Агнета Фалцког!“ „Би било прекрасно ако по ова песна излезе целосен нов албум“, „Буквално нема пограциозна, послатка и поубава жена од Агнета Фалцког“, „Ја сакам оваа песна. Бев многу возбуден што ја слушнав Агнета“, пишуваат обожавателите на 73-годишната пејачка.

Агнета призна дека сосема случајно одлучила да ја сними песната.

„Пред неколку години на радио слушнав една од песните од мојот последен албум „А“. Имам многу пријатни спомени од создавањето на овој албум, па не можев а да не се насмеам: времето минува… Одеднаш ме освести: како би звучел албумот, ако го направевме денес…? Не можев да престанам да размислувам за тоа. Се свртев кон момците кои ја продуцираа „А“ уште во 2013 година: „Што би мислеле за за повторното лансирање на  „А“ и создавање на сосема нова верзија од неа. Им се допадна идејата! „Ајде да пробаме!“ Некое време подоцна ја слушнав првата преработена песна и морам да кажам дека многу ми се допадна! Звучеше толку свежо и модерно, дури подобро отколку што замислував! Албумот го нарековме А+ дури и снимивме сосема нова песна како шлаг на тортата! И тоа ќе биде првото нешто што ќе го слушнете од мене. Сега едвај чекам да слушнам што мислите за тоа! ” Се надевам дека ќе уживате исто како и јас“, рече таа во пресрет на соопштението за медиумите.

Слични објави

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.
Се вчитува....