18:19 - 1 април, 2026

(Видео) Бредли Купер не дојде во Венеција, а доби силни овации за „Маестро“ кандидатот за „Оскар“

Филмот „Маестро“ на Бредли Купер, во кој тој глуми, го напиша и го режира, беше премиерно прикажан на Фестивалот во Венеција.

Биографската драма за животот на познатиот композитор Леонард Бернштајн доби седумминутни овации на светската премиера во театарот „Сала гранде“.

Купер, кој го глуми Бернштајн и Кери Малиган во улогата на неговата сопруга Фелисија, не присуствуваа на настанот поради штрајкот на филмаџиите во САД.

Но, се појавија трите деца на композиторот – Џејми, Александар и Нина Марија Фелисија Бернштајн. По проекцијата, тие со солзи во очите ги поздравија гледачите, и „диригирајќи“, се забавуваа.

Се чини, критиката предвидува „Маестро“ да биде еден од главните кандидати за „Оскар“ оваа година, според познавачите.

Приказната е за врската на Бернштајн со Фелисија – од додворувањето до бракот којшто, според трејлерот, „болно се свиткува под тежината на неговите хомосексуални врски“.

Купер го напиша сценариото со Џош Сингер, а филмот го продуцираа Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Ова е втор филм во режија на Бредли Купер. Првиот беше прилично успешниот „Ѕвездата е родена“.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....