13:48 - 1 април, 2026

(Видео) Брас Брадерс и Мијата со нова песна: Ова е наша прва соработка со македонски изведувач

Македонскиот бенд Брас Брадерс ја објави новата песна „I Wanted More“, реализирана во соработка со Мијата.

„Со големо задоволство ја споделуваме нашата најнова песна, насловена „I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка Мијата. Ова е наша прва соработка со македонски изведувач, и со нетрпение очекуваме наскоро да ги претставиме нашите нови песни и нови соработки со други македонски изведувачи“, велат Брас Брадерс на социјалните мрежи и додаваат дека им било задоволство да соработуваат со Мијата. „Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку ова музичко парче“.

“I Wanted More” не само што ја отсликува, како што велат, нивната еволуција, туку и личните емоции што секој од нив ги вложил во создавањето на оваа песна.

Инаку, песната се наоѓа на нивниот нов албум.

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....