7.8 C
Скопје
22:25 - 31 март, 2026

(Видео) Били Ајлиш го ископира хитот на Оливер Драгојевиќ! Слушнете ја новата песна на пејачката, што мислите вие?

Американската музичка ѕвезда Били Ајлиш пред две недели објави нов албум „Hit me Hard and Soft“, а особено една песна го привлече вниманието на нејзините обожаватели од Балканот.

Имено, ако прашате некои луѓе од интернет, нејзината песна „Birds of a feather“ потсетува на големиот хит на Оливер Драгојевиќ „У љубав вјере немам“ (U ljubav vjere nemam).

Опишанa како „атмосферска нео-њуејџ-вејв нумера“, „Birds of a Feather“ го позајмува својот наслов од англиска поговорка. Со „емоционално ранлив“ тон, Ајлиш пее за вљубувањето во личноста со која сака да се држи „заедно“. Нејзината љубов кон партнерот ја доведува до солзи и го моли никогаш да не ја остави.

На новиот албум на Били Ајлиш како автор на песната се потпишува нејзиниот постар брат и постојан соработник Финес О’Конел, но обожавателите од овие простори ја слушаат песната на Оливер Драгојевиќ, односно нејзиниот дел на пијано.

Некои искоментирале дека Били го „обработила“ Оливер, додека други се прашувале дали тоа е кражба или чиста случајност.

Таа песна ја напиша Џибони, а се најде на албумот на Оливер „Нека нова свитања“ од 1994 година.

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....