1.8 C
Скопје
09:41 - 22 декември, 2024

(Видео) Анџелина Џоли од Венеција: Тажна сум што Марија Калас не може да го види овој филм и да сфати колку е сакана

Филмот за најголемата оперска пејачка на сите времиња, Марија Калас, синоќа ја отвори натпреварувачката селекција на 81. Фестивал во Венеција. По свечената церемонија на фестивалот, заедно со светската премиера на „Битлџус 2“ на Тим Бартон и доделувањето на Златниот лав на Сигурни Вивер, филмовите на најголемите светски режисери влегоа во трката за вредни награди.

Еден од нив е и Пабло Ларајн со филмот „Марија“. Како што објасни режисерот на пресконференцијата, „Марија“ се фокусира на бурната, убава и трагична приказна за животот на најголемата светска оперска пејачка Марија Калас, во текот на нејзините последни денови во 1977 година, кога почина на само 53 годишна возраст.

На прашањето на новинарите зошто решил да сними филм за Марија Калас, Ларајн одговори со прашање – Зошто да не?

-Операта ја сакам уште од детството и откако почнав да се занимавам со овој бизнис отсекогаш се прашував зошто нема толку многу филмови за операта, кога таа е толку интересен, интригантен и магичен свет. И, кога конечно решив сам да го направам тоа, за кој друг би зборувал освен за најголемиот и најважниот глас на светот – Марија Калас!

Ларајн истакна дека Стив Најт напишал прекрасно сценарио, без кое не би можеле ништо да направат, но дека пред се, филмот нема ни да постоел да не била „едната и единствена Анџелина Џоли“, која придонела со својот талент и напор да се направи овој филм вистинска прослава на животот на Марија Калас, пренесува нова.рс

Анџелина Џоли му се заблагодари на режисерот за можноста да ја игра главната улога, признавајќи дека нејзиниот најголем страв е да не ги разочара сите оние кои ја сакаат и ценат Марија Калас.

-Би сакала оние кои ја познаваа, кои беа обожаватели на Марија, да бидат задоволни, да не ги разочарам, туку во срцето да им биде драго што на една таква жена ѝ оддадовме почит на вистински начин. За оние кои не се запознаени со нејзиниот лик и дело, би сакала овој филм да биде прозорец во тој неверојатен свет на опери и оперски пејачи – изјави Џоли, признавајќи дека нејзиниот музички вкус цел живот бил насочен кон рок и панк музиката, но сега, како станува повозрасна, ја открива се повеќе класиката, а сега и операта:

– И понатаму попрво ќе пуштам Клеш (се смее), но, кога со годините ќе проживеете многу нешта, кога ќе ја почувствувате најголемата болка и најголемата љубов, сфаќате дека класиката и операта го имаат тој звук кој може да допре до душата на секој од нас и на најточен начин да ја пренесе болката и љубовта со таква сила, вели Џоли на пресконференцијата.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....