05:11 - 11 април, 2026

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Пејачката Ана Николиќ и нејзиниот избраник, композиторот Горан Ратковиќ – Рале, наводно се свршиле, судејќи според снимката што веќе се шири на социјалните мрежи. Според пишувањата, Рале ја запросил Ана во куќа на Авала, во опуштена и домашна атмосфера.

@saledasezna1 #ananikolic #rale #estrada #foryoupage #foryou ♬ izvorni zvuk – ✨SALE✨


Тој бил облечен сосема неформално — во маица и долна облека, што дополнително го привлече вниманието на јавноста. Сцената делувала интимно и спонтано, без гламур и голема помпа, како што пренесуваат медиумите.

Сепак, љубопитноста дополнително ја разгоре фактот што на снимката не се слуша дали Ана изговорила „да“. Засега не е познато дали свршувачката навистина е прифатена. Додека едни сметаат дека нејзината насмевка била доволен одговор, други велат дека целата приказна останува обвиена со мистерија.

Останува да се види дали ова навистина е почеток на ново поглавје во нивната љубовна приказна или станува збор за нешто сосема друго.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....