16:29 - 2 април, 2026

(Видео) „Како ќе платиш за љубовта, картица или кеш?” – погледнете го трејлерот од „Te Dua, жими мене“, новиот македонски филм, ќе го гледаме во кино наскоро

Излезе трејлерот за новиот македонски филм, сатиричната комедија „Te Dua, жими мене“.

Овој филм е сниман во текот на 2019 година, а премиера ќе има на 21 септември во киното „Синеплекс“ каде ќе продолжи да се прикажува на редовен репертоар.

„Te Dua, жими мене“ е приказна за тројца другари – квази фраер, коцкар и хармоникаш – кои запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија.

Валентин Видовиќ ја направи оригиналната музика за филмот, а кинематографер е Александар Карпузовски.

Во главните улоги играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а во останатите улоги ќе ги видиме: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Исмаил Касуми, Мими Таневска, Владо Јовановски, Мирсад Абази, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Елдин Широки и Береда Решит.

Продуцент е Марјан Гавриловски, а извршни продуценти  се Александар Трајковски и Ивана Мирчевска.

Оригиналната музика во трејлерот е на Мишел Трајковски, изведувана од него лично, како и Џамбо Агушев, Благојче Трајковски, Иван Кукиќ и Дејвид Демир.

 

 

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....