17:53 - 9 април, 2026

Весна Змијанац се потсети на бракот со Кемиш: „Се обидувавме да имаме дете, но не ни успеа“

Пејачката Весна Змијанац била во брак со хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, кој денес е во долгогодишна брачна заедница со пејачката Зорица Брунцлик.

Таа неодамна, отворено зборуваше за тој период од својот живот и за односот со колегата од музичката сцена. Како што истакна, Кемиш бил единствениот нејзин партнер од истата професија.

– Тој беше единствениот колега во мојот љубовен живот. Кај Мирољуб беше посебно тоа што беше врвен во музиката, особено со хармониката. Кога го запознав, дојде од Германија каде што студираше – се потсети Змијанац.

Сепак, нивната врска со текот на времето почнала да се менува. Таа вели дека сфатила оти повеќе била воодушевена од неговата музика отколку од самиот однос.

– Имаше нешто кај него што не се вклопуваше со мојот карактер. Всушност, јас бев вљубена во неговото свирење, а тоа не беше доволно – искрено изјави таа.

Една од најважните работи што оставила трага во нивниот брак, според неа, е тоа што не добиле деца.

– Немавме деца, а тоа е голема работа. Не знам зошто, се обидувавме да имаме дете, но ништо не се случуваше. Подоцна и двајцата без проблем добивме деца. Веројатно нешто не било предодредено – раскажа пејачката.

Пред самиот крај на нивната врска, како што вели, веќе немало вистинска блискост меѓу нив, а набрзо потоа Кемиш започнал врска со Зорица Брунцлик.

– Неколку месеци по мене, на турнеја во Париз, се случи нешто и тогаш започна со Зорица. И пред крајот, како веќе да не бевме заедно, немаше сила што ќе ја одржи врската – рече Змијанац.

Сепак, таа нагласи дека Зорица немала никаква улога во распадот на нивниот брак.

– Зорица не направи ништо додека бевме заедно, таа тогаш беше во брак, сè се случи подоцна – објасни пејачката.

 

Слични објави

Новата колекција на „Прагма“ е сè што ви треба за да заблескате

Еспресо

(Фото) Водителката Марија се огласи од Словенија со посебен повод за среќа

Еспресо

Клиника „Жан Митрев“, дел од панел-дискусијата за органодарителство

apostolova

Синот на Харис Џиновиќ започна сопствен бизнис: „Не сакаше да биде само син на познат пејач“

Еспресо

Буба Корели ја замени затворската казна со парична уплата од околу 12.000 евра

Еспресо

(Фото) Сексапил и естетика: Марјана Станојковска во уникатно издание

Еспресо
Се вчитува....