14:19 - 3 април, 2026

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

Весна Петрушевска сподели емотивна реченица за Димитар Андоновски, поп-пејачот од Битола. Ова се случи по концертот на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ во Битола, кога Димитар запеал заедно со него.

На песната „Ако одам во Битола“, Димитар Андоновски му се придружил на Босиљчиќ од публиката, а според видеата на социјалните мрежи, сите во салата на Центарот за култура биле воодушевени. Гледајќи го видеото, Весна Петрушевска на својата инстаграм-приказна објавила:

-Мене баш ми фали Димитар Андоновски што не пее повеќе- стои во објавата.

Фото/Инстаграм

Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна.

 

На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар. Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил. Во 2022 година, се роди нивниот син Гаврил. Тој е сега менаџер во познат ноќен клуб во Битола. 

 

 

 

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....