6.8 C
Скопје
22:35 - 14 март, 2026

Вештачката интелигенција носи добрини, но може да биде и сериозна закана предупреди Бил Гејтс

Instagram

Вештачката интелигенција би можела да завладее со светот. Ваква загриженост изрази Бил Гејтс на својот блог GatesNotes, пренесуваат американските медиуми.

Гејтс објасни дека при интеракцијата која ја имал со вештачката интелигенција во септември таа покажала најголем можен резултат на AP Bio испитот.

Вели дека и поставил прашање:

„Што да му се каже на татко со болно дете?” Добил одговор кој како што тврди Гејтс бил подобар од одговор кој било кој присутен во просторијата можел да го даде. Гејтс не го пиша одговорот кој го добил.

Токму ова, вели Гејтс, го поттикнало на длабоко размислување за тоа како вештачката интелигенција би влијаела на индустријата во наредните 10 години, но и како вештачката интелигенција би можела да се користи за намалување на нееднаквоста.

„Доказите покажуваат дека поседувањето на основни математички вештини ги подготвува учениците за успех, без обзир која кариера ќе ја одберат. Но, постигнувањата во математиката опаѓаат во целата земја, а вештачката интелигенција може да го сврти тој тренд. Вештачката интелигенција ќе ја подобри вашата работа, ефикасноста на секојдневните работници и ќе биде корисно да се види како личен асистент. Но, популацијата ќе мора да биде обучена за преземањето на новите улоги од вештачката интелигенција и владите ќе мораат да бидат одговорни за надзор над неа”.

Но, Гејтс предвидува дека покрај сите потенцијални добрини кои ќе ги донесе, вештачката интелигенција може да има и негативни ефекти на општеството.

Според него, постои „закана која ја претставуваат луѓето вооружени со вештачка интелигенција” и можност вештачката интелигенција да одлучи дека луѓето се закана, заклучувајќи дека нејзините интереси се поинакви од нашите или едноставно да претстане да се грижи за нас.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....