Познатата модна креаторка Верица Ракочевиќ и композиторот Вељко Кузманчевиќ веќе повеќе од една деценија уживаат во складен брак, и покрај тоа што од самиот почеток нивната љубов беше под лупа на јавноста поради разликата во години од над три децении.
Едно од прашањата што најчесто се поставуваат за нивниот однос е прашањето за потомството. Верица отворено и без двоумење прозборе за ставот на нејзиниот сопруг и за тоа како тие го гледаат заедничкиот живот:
„Ние сме во брак во кој потомството е невозможно. Изборот на Вељко моментално е таков и без оглед на тоа што тој мисли дека тоа е засекогаш, не значи дека еден ден нема да се промени. Доколку тоа се случи за време на мојот живот, нема да бидеме маж и жена, но секако ќе останеме најдобри пријатели“, искрено изјави креаторката.
Таа додаде дека целосно го разбира и поддржува својот сопруг во неговите животни избори, нагласувајќи дека нивната среќа лежи токму во меѓусебното прифаќање:
„Мојот сопруг не сака деца и јас ќе ја почитувам неговата одлука. Повеќепати изјави дека не ги разбира луѓето на кои децата им се најважни на светот. На наша среќа, моментално живееме многу среќен живот. Колку ќе трае тој, само Бог знае, бидејќи Тој нè спои во сета наша неспоивост“, порача Верица.
Двојката, која се венчаше по само една недела врска, и понатаму важи за еден од најнеконвенционалните парови на регионалната сцена, а Вељко често истакнува дека токму нивниот номадски дух и ослободеноста од општествените стеги се она што ги држи заедно.
