11.8 C
Скопје
14:23 - 30 март, 2026

Ведрана Рудан „удри“ по модерните мајки: „Не можеш да се сликаш со гол газ и да зборуваш за мајчинство…“

ведрана рудан

Ведрана Рудан вели дека модерното мајчинство ѝ оди на нерви, а еве и поради што.

Таа за својот живот, мајчинството, децата, внуците, секогаш зборува многу отвореношто ѝ дава право да зборува како ги гледа денешните мајки:

„Мене тоа модерно мајчинство многу ми оди на нерви. Тој феминизам кој не е воопшто феминизам. Тоа е некаква поза на незнам-какви инфлуенсерки кои мислат дека е фенси да се борат за женски права а притоа да ги покажат и голите нозе. Јас тоа го осудувам. Ги осудувам и младите мајки кои своите деца ги доживуваат како проект или како извор на богатење.

Тие мајки, немајки, толку ја уништуваат приватноста на своите деца за себеси да се истакнат, но јас знам од искуство дека мајчинството е крвава работа и дека не можеш наоколу да се фотографираш со гол газ и да зборуваш за мајчинство и да бидеш истовремено и мајка. Тоа едно го исклучува другото.

Значи, можеш да зборуваш за мајчинство за да продадеш колички или цуцли, но сигурно за тоа твое несреќно дете се грижат две-три жени кои немаат човекови права.

Тоа е лицемерие. Жените станаа некакви подвижни реклами, надуени и изобличени кукли и се она против кое се борев. Но мислам дека тука веќе ништо не може да се поправи. Жените престанаа да бидат личности, а станаа играчки во рацете на капиталот и мажите“, заклучува Ведрана.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....