3.8 C
Скопје
00:35 - 13 март, 2026

(Фото) Важен ден за водителот Ване Маркоски, еве што е посебно кај него денеска

Денеска е важен ден за водителот Ване Маркоски кој раскажа интересна приказна со видео на неговиот фејсбук-профил.

„Додека се подготвувв за емисија ова утро, се сетив дека на денешен ден во 2003 за првпат сум застанал пред камера. Еве сме и денеска, нов ден, 11 ноември, кафе во рака, насмеано, време е да ја истераме и 91. емисија во живо за 2025.

Со омилените колеги, време е да го извлечете и максимумот од денешниот ден. Нека е убав“, објави Ване Маркоски.

Инаку, со говорна мана, познатиот ТВ и радио водител се соочил уште при неговите први изговорени зборови. Феномен кај Ване кој секое утро ги буди гледачите на утринската програма на МРТ е што како дете пелтечел, а потоа станал радио и ТВ водител.

 

– Еден ден, враќајќи се од Гостивар, се случила една доста интересна ситуација, која беше пресудна да почнам нормално да зборувам. Се сеќавам дека во автомобилот бевме јас, татко ми и мајка ми, кога слушнавме силен удар од задниот дел на автомобилот.

Во нас удри друг автомобил, за среќа, без сериозни последици за сите луѓе во двата автомобили. Според кажувањата на мајка ми, веднаш штом сме излегле од возилото, јас видно исплашен и малку нервозен сум го погледнал татко ми и сум му се обратил со зборовите:

„Еднаш ќе дојдам со вас некаде и веднаш сообраќајка. Веќе не се возам со тебе никаде, ќе се возам само со дедо и баба.“ Татко ми и мајка ми во тој момент почнале да се радуваат – раскажа водителот во една прилика за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....