14:18 - 19 февруари, 2026

Ване Маркоски најотворено кажа што мисли за домашните поткасти

Нашиот познат водител Ване Маркоски често своите ставови отворено ги искажува на социјалните мрежи. Тој е водител на Утринската програма на Македонската радио телевизија и од студиото, тој редовно се јавува со ведри фотографии и видеа.

И кај нас, како во во светот, сега се актуелни подтастите, а Ване Маркоски во еден од своите неодамнешни статуси на Фејсбук отворено рече што мисли за нив:

„Што убаво е да гледаш поткасти каде наши млади луѓе ги раскажуваат своите лични приказни за патот до успехот. Нормално, наидуваш и на грди коментари. Е сега, што ми е муабетот.
Нивниот личен успех е и општествен. Тие ја движат оваа заедница напред.
Капка по капка…
Ако гледаме подлабоко, поради тие нивни успеси ние се движиме, фунционираме, живееме, создаваме култура на живот. Замислете сите да бевме отров, затворени и храбри само во 4 ѕида, без тронка храброст да направиш нешто за себе и заедницата, знаејќи само да навредуваш некој што излегол и јавно раскажал за успехот, мислејќи ти добро, за да на тој начин те мотивира и ти да почнеш да придонесуваш.
Ама не. За некои тоа е само фалење и се фрлаат на навреди, наместо да поддржат свое дете.
И така додека некои имаат дарба да не инспирираат и креираат подобра заедница, на други им е дадено да сеат отров за тие луѓе поради кои некако и функционираат во секојдневието.
Можеби и така треба. Некој баланс. Секој на крајот избира како“, напиша водителот.
Фото/ Фејсбук принтскрин

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....