5.8 C
Скопје
02:08 - 1 април, 2026

Ванда Нара одлета во Турција во посета на екс-сопругот Мауро Икарди: Колку емоции!

Иако во моментов ниту Ванда Нара, ниту Мауро Икарди немаат дадено изјава за евентуално обединување како пар, вистината е дека нивниот однос еден кон друг, како што покажуваат на социјалните мрежи, е повеќе од добар.

Аргентинската убавица и бизнисменка отпатувала во Турција со своите деца, со цел децата да го посетат нивниот татко. Валентино, најстариот, остана во Аргентина, но останатите четворица го посетија фудбалерот, кој секое од децата го прими со голема прегратка и многу емоции.

На видеото може да се види како фудбалерот се обидува да ги прегрне сите. Една од двете девојчиња му висеше околу вратот обидувајќи се што подолго да трае прегратката со нејзиниот татко. Франческа беше таа која пред неколку дена при низата прашања и одговори кои Ванда ги даваше на социјалните мрежи изјави дека би сакала да живее во Аргентина под еден услов: таму да е и Мауро.

Но, инфлуенсерката сподели и објава во која ги прославува двата гола што напаѓачот ги постигна во средата против Умраниеспор во Суперлигата.

Она што е засега јасно е дека главната цел на двајцата е да одржуваат добри односи за доброто на нивните деца.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....