9.8 C
Скопје
04:00 - 4 април, 2026

Уживајте вечерва во „Нешто слатко“ во Паркот на Франкофонијата

Во рамките на Меѓународниот ден на млади, денес 11 август 2023 година во паркот на Франкофонијата ќе се одржи проекција на филмот „Нешто слатко“.

Настанот е од отворен тип и ќе започне во 20:30 часот.

Во склоп на истиот ќе се послужуваат освежителни пијалоци, со цел да се осигура добра и пријатна атмосфера.

„Во духот на овогодишената тема „Зелени вештини кај млади лица за одржлива средина“, за проекцијата на филмот ќе се користи струја која ќе се произведува од вртежи на велосипеди, со цел заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштита на животната средина“, вели организаторот.

Македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова ги играат главни улоги во словенечката романтична комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Словенецот Тин Водопивец.

Коцев е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата. Јованова е копродуцент од Хрватска. Македонски партнер е „Процес К продукција“. Премиерата во Љубљана беше во февруари.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....