15:56 - 11 ноември, 2026

Украина со мобилна апликација ќе трага по децата кои војната ги раздели од своите родители

Украина денеска лансираше мобилна апликација за помош во пронаоѓањето на децата кои исчезнале за време на повеќе од 13 месеци војна во таа земја, соопшти украинската полиција.

Според проценките на Киев, 19.544 деца биле депортирани во Русија за време на војната, а 328 од нив се вратиле во земјата, пренесува Скај Њуз.

„Тоа е еден од инструментите за наоѓање деца и спојување со нивните семејства. Ако на овој начин најдеме макар и едно дете или обединиме едно семејство, тоа е веќе победа, мала, но со секој чекор ќе можеме да ги враќаме децата дома, изјави заменик началникот на украинската полиција Олександр Фацевич.

Тој рече дека апликацијата е бесплатна за преземање и лесна за употреба.

Фацевич рече дека апликацијата ќе и овозможи на полицијата да собира повеќе податоци на безбеден начин, вклучително и од луѓе во Русија, Белорусија или територии контролирани од Русија кои сакаат да им помогнат на украинските деца.

Меѓународниот кривичен суд минатиот месец издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лавова-Белова, обвинувајќи ги за киднапирање украински деца.

Москва, која контролира делови од источна и јужна Украина, ги отфрли обвинувањата за киднапирање на децата и рече дека тие биле однесени на безбедно.

Слични објави

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....