28.8 C
Скопје
22:17 - 1 септември, 2026

Уапсени 22 лица во Турција поради наркотици, меѓу нив и познатата актерка Берен Сат

Турската естрадна и актерска сцена е потресена од нов, масовен бран апсења како дел од широката истрага за злоупотреба и трговија со наркотици.

Вкупно 22 лица се уапси во најновата операција што ја спровела Одделот за борба против наркотици на Полициската управа во Истанбул, вклучувајќи пејачи, модни креатори, берзански брокери, актери, режисери и аранжери, а издадени се и потерници за пет лица.

Меѓу уапсените се и регионално популарната актерка Берен Сат (позната по своите улоги во сериите „Забрането овошје“ и „Изгубена чест“, нејзиниот сопруг и познат пејач Кенан Догулу и неговиот брат, музичкиот аранжер Озан Догулу.

По извршениот задолжителен лекарски преглед, приведените ѕвезди беа префрлени во седиштето на Управата за борба против наркотици во истанбулскиот округ Кучукчекмеџе поради земање официјални изјави.

Според информациите од медиумите, истрагата забрзано се шири. Налози за апсење се издадени и за уште неколку исклучително познати имиња од турската јавна сцена, меѓу кои пејачката Ајше Хатун Онал, поп-фолк пејачот Бердан Мардини, познатиот инфлуенсер и пејач Керимџан Дурмаз, како и популарниот актер Енис Арикан, пренесува Би-би-си.

Ова е втор голем удар на турската полиција на естрадните кругови за краток временски период. Во претходната фаза од операцијата, која беше спроведена на 21 мај, под лупата на истражителите се најдоа популарниот кантавтор Мабел Матиз, како и една од најпознатите турски актерки од помладата генерација, Серенај Сарикаја. Од нив беа земени примероци од крвта, косата и урината за токсиколошки анализи за присуство на нелегални супстанции.

Ригорозни закони: Што ги очекува приведените?

Турското законодавство има исклучително рестриктивен и ригорозен пристап кога станува збор за опојни дроги. Турскиот кривичен законик строго и одделно санкционира три категории на дела: консумирање (употреба), поттикнување на употреба и трговија со наркотици.

Кривичното дело употреба на дрога вклучува купување, прифаќање, поседување или само консумирање на наркотици и стимуланси за лична употреба. За ова кривично дело се добива повеќегодишна казна затвор, иако судот во одредени случаи првите прекршоци може да одреди мерки за задолжително лекување и условна слобода.

Меѓутоа, ако истрагата покаже дека притворените учествувале во препродажба или поттикнување на други да консумираат, тие се соочуваат со драстично потешки затворски казни.

Одбрана на славните: „Ни го уништуваат угледот“

Од друга страна, многу познати личности кои беа цел на оваа истрага остро реагираат во јавноста. Тие и нивните правни тимови тврдат дека со ваквите радикални полициски акции трајно им е нарушен угледот, како и дека презумпцијата на невиност е грубо прекршена во медиумите пред дури и да пристигнат резултатите од тестовите.

Дека нивните обвинувања имаат тежина покажува и фактот дека во текот на претходните, слични полициски акции на турската естрада, тестовите за дрога на повеќето притворени јавни личности на крајот биле негативни.

Слични објави

(Фото) Едита се пофали со нова недвижнина! Пејачката купи куќа и испрати емотивна порака: „Се надевам дека Зојка ќе биде горда“

Еспресо

(Фото) Ова е Хрватката која е во љубов со Игор Којиќ: Била на избор за мис, па влегла во политика…

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ го запиша синот во државно училиште: На приемот за првачињата се расплака!

Еспресо

(Фото) Нови ранци, насмевки и возбуда: И дел од македонските јавни личности ги испратија своите најмили на училиште

Еспресо

Во мозокот ѝ бил вграден стент, а сопругот ја изневерил! Српската водителка дознала за аферата во најтешкиот период од животот

Еспресо

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....