7.8 C
Скопје
21:54 - 16 март, 2026

Турскиот милијардер и поранешно момче на Емина Јаховиќ осомничен за трговија со дрога

Турскиот милијардер и поранешен партнер на пејачката Емина Јаховиќ, Седетин Саран, неодамна беше приведен поради сомнение за вмешаност во производство и трговија со наркотични средства. Веста брзо ги наполни турските и регионалните медиуми, со оглед на неговата деловна моќ и јавна експонираност.

Саран, еден од најистакнатите турски бизнисмени и претседател на Fenerbahçe, дал исказ во рамки на истрага што ја водат турските обвинители. Постапката во обвинителството при судот во Истанбул траела околу два и пол часа, по што бил упатен во Форензичкиот институт за да даде примероци од крв и коса. Тој се соочува со обвиненија за користење дрога, набавка на дрога и олеснување на нејзината употреба.

Би-би-си дојде до негова изјава во која тој категорично ги отфрла обвинувањата.

Никако не можам да бидам поврзан со нешто такво“, изјавил Саран, нагласувајќи дека станува збор за неосновани наводи.

По завршувањето на процедурите, тој повторно бил изведен пред обвинителството и пуштен на слобода со мерка забрана за патување во странство, додека истрагата продолжува. Во рамки на случајот бил извршен и претрес на неговата резиденција.

Инаку, краткотрајната романса меѓу Емина и Саран во 2018 година беше честа тема во медиумите, а по раскинот нејзиниот ПР тим соопшти дека двајцата одлучиле секој да продолжи по свој пат поради различни погледи кон иднината.

Слични објави

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....