4.8 C
Скопје
23:46 - 12 март, 2026

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Александарa Пријовиќ за враќањето на сцената: „Ќе биде прво разделување од мојата ќеркичка“

Александарa Пријовиќ вчеравечер присуствуваше на концертот на Саша Ковачевиќ во Белград, во друштво на својот шминкер, и само три месеци по породувањето, зборуваше за своето враќање на сцената.

За оваа пригода, пејачката носеше фармерки, црна кратка јакна и бела маица, а целата комбинација ја надополни со црна Шанел чанта.

„Среќна сум што имам можност да присуствувам на концертот на Сале. Го слушам многу долго. Му посакувам многу среќа вечерва. Ја знам секоја негова песна. Зошто да не ја отпеам со него и неговата дует-песна со Емина Јаховиќ?“ – изјави Александарa.

На прашањето како ја коментира драмата во Загреб околу продажбата на билети за нејзиниот новогодишен концерт, таа само се насмевна и рече:
„Немојте никакви драми, ве молам!“, без да се навлегува подлабоко во темата.

Пејачката ќе има својот прв настап по породувањето токму на дочекот на Новата година.

„Секогаш сум подготвена. Ми недостасуваше публиката и настапите. Годината помина брзо. На 31-ви и 1-ви ќе биде првото разделување од мојата ќеркичка Арија. Веднаш ќе се вратам. Александар е многу добар, се грижи за сестра му. Дури и додека бев бремена, јас бев во студио и постојано нешто подготвував“ – додаде Александарa пред медиумите.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....