13.8 C
Скопје
14:24 - 18 декември, 2024

ТРАГЕДИЈАТА НА НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ!

Беше првата жртва на СИДАТА од познатите, многумина ја сонуваа, а потоа ПОЧИНА без никого и никаде

Џиа Каранџи беше првиот одличен американски модел кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години на дваесеттиот век.

По потекло од Италија, чија убавина беше под влијание на ирскиот и велшкиот ген, таа беше толку популарна што, тогаш почетничката, Синди Крафорд беше нарекувана „малата Џиа“. Кога се пресели од Филаделфија во Њу Јорк, на само 17 години, таа брзо се здоби со голема популарност. Стана омилен модел на познатите фотографи, Франческа Скаула, Артур Елгорд и позираше пред нивните објективи низ целиот свет, а работеше и за Диор, Кутекс, Дајан фон Првенберг, Армани, Версаче, Ив Сен Лорен и многу други култни брендови. До 1978 година, Џиа стана најголемиот светски модел на своето време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)

Џиа за Армани

Славата ѝ донесе и статус на редовен гостин во „Клуб 54“, каде редовно користеше кокаин, а тоа подоцна се разви во зависност од хероин. Во октомври 1978 година, Џиа ја имаше својата прва голема слика со фотографот Крис фон Венгенхајм. На снимањето се запознала со шминкерката Сенди Линтер, во која се заљубила. Потекнувајќи од нестабилно семејство, во кое често ги гледала родителите како се караат, само сакала мирна и стабилна врска. Но нејзината љубов не била возвратена. Џија ја прогонувала Сенди. Таа страдаше и копнееше по интимност. Невозвратената љубов и смртта на менаџерката Вилермин ја натераа Џиа да се обиде да побегне во друг свет. Сè повеќе тонеше во хероинската зависност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)

“Еднаш не можеше да ја најде дрогата во чантата и почна да плаче. Буквално ја легнав на креветот додека не заспие”, се сеќава познатиот фотограф Франческо Скавуло кога ја фотографирал на Карибите. До 1980 година, зависноста на Џиа стана очигледна. Не се појавуваше на сетовите, а кога се појавеше, ќе заспиеше за време на снимањето. Покрај тоа, на насловната страница на списанието „Вог“ во ноември во 1980 година, на нејзиното лице можеа да се видат јасни траги од зависност. Дваесет и еден дневниот обид да се откаже од дрогата пропадна кога нејзиниот добар пријател и фотограф Крис фон Венгенхајм загина во сообраќајна несреќа. Потоа се заклучила во тоалетот, каде со часови се дрогирала со хероин. Нејзината манекенска кариера избледе, но Скавуло ѝ даде последна шанса да се врати на голема врата и ѝ подари насловна страница на списанието „Космополитен“. Тоа беше и нејзината последна насловна. Кога беше фатена со дрога на сетот во 1983 година, тоа беше последниот печат во нејзината манекенска кариера. Повеќе никој не сакаше да соработува со неа и таа падна во заборав.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)


По шест месеци рехабилитација, Џиа се врати во родната Филаделфија, се запиша на курс за фотографија и почна да живее помирен живот. Само три месеци подоцна, отиде во Атлантик Сити и почна да конзумира хероин. Повторно. За да заработи пари за дрога, поранешната манекенка се проституирала, а постои сомневање дека била силувана неколку пати. Не помина долго време, кога Џиа се врати дома болна. Нејзината веднаш ја однела во болница, каде што првично била примена поради пневмонија. Сепак, лекарите наскоро сфатиле дека се работи за СИДА. Се смета дека таа се заразила со ХИВ вирусот преку игла што се користи за инјектирање хероин. Како што состојбата се влошуваше, нејзината мајка не дозволуваше посети и остана со Џиа до нејзината смрт на 18 ноември 1986 година. Беше со неа дење и ноќе, но Џиа не закрепна никогаш. Никој не знаеше за смртта на дваесет и шестгодишната Џиа, така што луѓето од светот на модата не се појавија на погребот. Дури по неколку недели се прошири веста, што предизвика шок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....